Најави се
Влезни тестови

ОНЛАЈН КУРСЕВИ





Спец курс
Кој е Online
Има 14 гости присутни

НАЈНОВА ОНЛАЈН ОБУКА

 

Конверзација за поединци

Пакет од 10 онлајн часа, наменети за активна употреба на англискиот јазик за поединци. Секој час трае 45 минути. Наставата се одвива во мултимедијална е-училница, која нуди интерактивност преку читање, слушање, пишување и зборување со Вашата професорка. Поради тоа часовите се максимално ефективни, динамични и интересни. Индивидуалниот пристап Ви овозможува опуштеност и фокус само на Вас. Цена на пакетот: 4.000 ден.

Запиши се

 

ПОНУДА НА ОНЛАЈН КУРСЕВИ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

I. ТРИМЕСЕЧНИ интензивни курсеви
Цени: ОПШТ - 2.000 ден.; ДЕЛОВЕН - 2.500 ден.

II. ШЕСТМЕСЕЧНИ курсеви
Цени: ОСНОВЦИ - 3.000 ден.; ОПШТ - 4.000 ден.; ДЕЛОВЕН - 5.000 ден.

III. ШЕСТМЕСЕЧНИ курсеви со вклучени 3 онлајн часа
Цени: ОПШТ - 4.000 ден.; ДЕЛОВЕН - 5.000 ден.

 

Пробајте ги нашите курсеви пред да ги платите и уверете се дека учењето никогаш не било поинтересно.

Запишете се сега, платете подоцна!

 

TOEFL iBT

АКО МОЖЕ ТЕСТОТ ДА Е ИНТЕРНЕТ-БАЗИРАН, ЗОШТО ДА НЕ Е И ОБУКАТА ПО TOEFL iBT?

Ви нудиме една поинаква, интензивна обука по меѓународно признатиот тест по англиски јазик TOEFL iBT, која е целосно интернет-базирана, во комбинација од часови со Вашиот професор, практични вежби и симулација за целосно совладување на потребните техники и стратегии. Секоја од четирите секции - читање, слушање, зборување и пишување - се изучува теоретски и практично, во група или индивидуално. По обуката на часовите, Вашето стекнато знаење го оценуваме преку онлајн симулација, која е и најдобриот репер за можен резултат на самиот тест.

Запишете се на групна обука најдоцна до 28.08.2017. Термини: понеделник/среда/петок во 19 часот.

Повеќе за понудата

 

Граматика за почетници

 ТОП 10 ПРАВИЛА

 

Колку пати сте ја направиле истата граматичка грешка поради тоа што не ви е јасно правилото или сте немале кого да прашате? Овој курс е фокусиран на основните 10 правила во англиската граматика од почетен степен, а наменет е за сите на кои овие правила им се нејасни или не знаат правилно да ги употребуваат.

Курсот е интерактивен и практичен, на ваше располагање 24/7. Содржи 5 поглавја и завршен тест. Треба да го завршите во рок од пет недели по уписот.

 

Цената за упис на овој курс изнесува 1.000 ден. При запишување, изберете Специјализирани курсеви / Граматика за почетници.

 

Запиши се

 

 
УЧИЛНИЦА ДОМА, НА РАБОТА, НА ПАТУВАЊЕ 24/7
 

Индивидуални подготвителни часови Teacher@Hand

ЗАКАЖЕТЕ ONLINE ЧАС СО ВАШИОТ ПРОФЕСОР И РЕШЕТЕ ГИ СИТЕ ДИЛЕМИ!

  • Имате нејаснотии во врска со материјалот од вашиот степен?
  • Сакате да се подготвите за тестот што следува?
  • Ве мачат граматичките правила?
  • Ви треба конверзација?
Teacher@Hand важи за сите активни корисници на Општ и Деловен англиски јазик. Повеќе
 

Не ја најде бараната содржина?

Контакт
Skype: englishmak

Рекоа за курсевите
ПАРТНЕРИ

Соработници