Најави се









 
Пребарај
Check this out
Кој е Online
Има 10 гости присутни
A quote to consider

 Пробајте ги нашите курсеви пред да ги платите и уверете се дека учењето никогаш не било поинтересно.

Запишете се сега, платете подоцна!

 

Ефективно е-учење

 
 

Важно за курсевите

  • Ви нудиме три курса за изучување на англискиот јазик (за основци, средношколци/возрасни и деловен) и секој од нив се состои од три степени: почетен, среден и напреден.
  • За определување на Вашиот степен решете ги влезните тестови.
  • Курсевите се креирани според британски стандардни програми за изучување на англискиот јазик како странски јазик.
  • Секој степен ви е достапен 24/7 во рок од 6 (шест) месеци од неговата активација.
  • По завршување на секој степен добивате сертификат.
  • Наведените цени се за еден степен од секој курс. Доколку степенот што го посетувате го завршите порано од предвидениот рок (6 месеци), можете веднаш да продолжите со упис на повисок степен.
 
УЧИЛНИЦА ДОМА, НА РАБОТА, НА ПАТУВАЊЕ 24/7
 
КОНВЕРЗАЦИЈА за корисниците на курсевите по ОПШТ и ДЕЛОВЕН АНГЛИСКИ
 
Со Go!Classes сите корисници кои се запишани на некој од степените на Општ или Деловен англиски можат да се вклучат на часови по конверзација. Бројот на присутни на часовите е ограничен на максимум 10 учесници, а секој час е со времетраење од 45 минути. Задолжителна опрема на часовите се слушалки и микрофон, а видео-камера е по желба на секој од учесниците. Минимум потребна интернет брзина е 512 kbps.
 

СПЕЦИЈАЛНИ ПОПУСТИ

 Флексибилноста на нашата е-обука не само што ја потврдуваме преку методот на учење, туку и со прилагодување на цените кон различните потреби на нашите корисници:
 
 20% ПОНИСКА ЦЕНА при упис на нареден степен доколку претходниот го завршите во рок од 3 наместо 6 месеци.
 
ПРОДОЛЖЕТЕ го посетувањето на својот степен за уште 3 месеци за само 40% од неговата редовна цена. 
 
 

*АКТУЕЛНО* Граматика за почетници

 ТОП 10 ПРАВИЛА

 

Колку пати сте ја направиле истата граматичка грешка поради тоа што не ви е јасно правилото или сте немале кого да прашате? Овој курс е фокусиран на основните 10 правила во англиската граматика од почетен степен, а наменет е за сите на кои овие правила им се нејасни или не знаат правилно да ги употребуваат. Курсот е интерактивен и практичен, на ваше располагање 24/7 и треба да го завршите во рок од пет недели по уписот. Во него, исто така, се вклучени и пет онлајн часови со вашиот професор. Цена 3.000 денари. За повеќе детали кликнете тука.

 

Запиши се

 

 

Индивидуални подготвителни часови Teacher@Hand

 

ЗАКАЖЕТЕ ONLINE ЧАС СО ВАШИОТ ПРОФЕСОР И РЕШЕТЕ ГИ СИТЕ ДИЛЕМИ!

  • Имате нејаснотии во врска со материјалот од вашиот степен?
  • Сакате да се подготвите за тестот што следува?
  • Ве мачат граматичките правила?
  • Ви треба конверзација?   
Teacher@Hand важи за сите активни корисници на Општ и Деловен англиски јазик. Повеќе
 
Анкета
Понудата на курсевите ја оценувам како
 
Консултации за корисниците на GO!ENGLISHMAK курсевите на Skype: englishmak
My status
Партнери
Соработници
пријатели